hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров одигра одличен меч, но ПСЖ го елиминира Нант од Лига Купот

psgnant

ПСЖ - Нант 35:33 (20:17)

И покрај одличниот Кирил Лазаров, Нант е елиминиран од Лига-Купот на Франција, откако вечерва во Париз загуби од ПСЖ со 35:33 со што тимот на Сердарушиќ си обезбеди полуфинале и ja прекината серијата без победа против тимот на Нант.

„Светците" постојано водеа, но Арно и Думолин се разбранија и го вратија Нант од еден гол негатива (32:31). Сепак, првакот на Франција во финишот имаше повеќе ресурси и среќа и славеше со два разлика за победа и пласман во полуфиналето.

Лазаров постигна пет погодоци во мрежата на Омејер, а Николас Турно со седум гола беше најефикасен во таборот на Анти. Кај ПСЖ најмногу се истакнаа Микел Хансен и Уве Генсхајмер со по шест гола. До крајот на полусезоната, екипата на Нант има на располагање уште два натпревари, еден во Купот и еден во шампионатот.

Share