hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров фантастичен, ПСЖ „украде“ бод од Нант

123

Нант – ПСЖ 27:27 (13:15)

Ракометарите на Нант, каде што настапува нашиот репрезентативец Кирил Лазаров, пропуштија можност да го победат ПСЖ во дербито на есента во француската лига, откако Сагосен ги спаси „светците" и донесе реми во интензивен меч (27:27). Лазаров блескаше и постигна пет гола, два од нив кога се „кршеше" резултатот.

Мечот започна израмнето, но Белегер и Лазаров први посегнаа по домашно водство. Но, силниот ПСЖ и без браќата Карабатиќ, кои не настапија заради казна, делуваа цврсто во одбраната и молњевито низ контра нападите. Недим Ремили со серија на голови од позиција на десен бек го одржуваше ПСЖ во егал ситуација, а кога Јенсен постигна два гола во серија, екипата на Сердарушиќ на одмор замина со 13:15.

Вториот дел започна со неколку одбрани на Омејер и голови на Сагосен за +3 на шампионот во 35. минута. Следеа два гола на Турне и еден на Гурбиндо за 18:19 во 42. минута. Думулин одбрани неколку топки, но немаше решение за Ремили и неговите „бомби". Обидите на Нант да израмни вложија со плод и Лазаров и Белегер погодија за 22:22 во 48. минута.

Момците на тренерот Анти играа како во транс и Турне го постигна својот седми гол за водство по скоро 30 минути бркање на резултатот (23:22). Лазаров со два гола по ред ја подигна публиката на нозе и се чинеше дека бодовите ќе останат во Нант. Сепак, Сагосен погоди во последните секунди и донесе голем бод за ПСЖ (27:27).

Најефикасни поединци во екипата на Нант беа Турне со осум и Лазаров и Белегер со по пет гола, а кај ПСЖ се истакнаа Ремили со седум и Нилсен и Сагосен со по шест гола. ПСЖ останува со предност од четири бода пред Нант по 12 одиграни кола.

Share