evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров и Нант покажаа карактер и ги освоија бодовите од Сегедин

lazarov nant

ПИК Сегед - Нант 30:33 (15:17)

Ракометарите на Нант забележаа тешка победа на гостувањето во Унгарија против ПИК Сегед со 30:33 (15:17), откако екипата на Кирил Лазаров беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот. По денешниот триумф, францускиот тим се искачи на третото место во групата А.

Ракометарите на Нант почнаа многу цврсто во одбраната и максимално ги користеа техничките грешки на противникот. На полувремето францускиот тим имаше предност од 15:17, a потоа ја задржа доминацијата за четвртата победа во групната фаза од Лигата на шампионите.

Лазаров трипати ја погоди мрежата на Шего, максимално ја искористи својата минутажа и даде важен придонес во победата на екипата на тренерот Анти. Најефикасен во тимот на Нант беше Фалувеги со 7 гола, а Гурбиндо постигна 5 погодоци. Кај Унгарците, Балог постигна 5 гола.

Во вториот денешен натпревар од групата, Кристијанштад славеше домашна победа против Висла Плок од 25-24. Барселона и Рајн Некар утре ќе го комплетираат колото во оваа група.