evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Нант потклекна пред Монпелје за прв пораз во шампионатот

kirefotoehf

Нант - Монпелје 27:30 (15:14)

Францускиот вицешампион, Нант го претрпе првиот пораз во францускиот шампионат, откако во дерби дуелот од четвртиот натпревар од домашната сцена, загуби од Монпелје со 27:30 (15:14).

Мечот беше изедначен 50 минути, а Монпелје во самиот финиш направи мини-серија која го одлучи победникот. Гигу и Симонет дадоа серија на голови по која гостите поведоа со +3 и потоа го приведоа натпреварот кон крај за минимална, но многу значајна победа од 27:30. Нант ја плати цената од серијата на тешки натпревари со Вардар, Сант Рафаел и Рајн Некар Левен и првпат е поразен по подолго време на домашно тло.

Најдобар стрелец кај Монпелје беше Ајмен Туми со 6 гола, го следеше Валентин Порт со 5 гола, а Кирил Лазаров даде два гола и имаше една асистенција.

Во наредното коло, Нант и Лазаров гостуваат кај Данкерк.