evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров незадржлив, Нант со гостинска победа кај Сант Рафаел

DK 2YdGX0AAFUDN

Сант Рафаел – Нант 25:26 (12:13)

Дерби дуелот од третото коло на францускиот ракометен шампионат помеѓу Сант Рафаел и Нант им припадна на гостите, тимот на нашиот Кирил Лазаров, кој славеше со 25:26 (12:13). Нашиот репрезентативен капитен блесна и одигра уште еден одличен натпревар, само неколку дена по дуелот со Рајн Некар Левен.

Домаќините започнаа добро, благодарение на Дипадна, на Нант возврати и Матулиќ и Лазаров погодија за во чекор да го следат тимот на Сант Рафаел. Вопрвите 20 минути дури шест пари резултатот беше израмнет. Со головите на Гурбиндо и Лагард на полувреме гостите од Нант заминаа со минимална предност (12:13).

Кирил Лазаров се разигра на почетокот од второто полувреме и постигна три гола во серија. Сепак, Сант Рафаел одговараше и преку Каралек и Котешо не им дозволуваше на гостите да се одлепат.

Но, во централниот дел на второто полувреме, екипата на Тјери Анти додаде гас и Емоне и Лазаров погодија за 18:21. Македонкиот репрезентативец ја презеде одговорноста и погоди за 20:24 во 51 минута. Потоа многу лесно Нант го приведе натпреварот кон крај за победа од 25:26.

Најефикасни поединци во екипата на Нант беа нашиот Лазаров со 7 и Лагард со 4 гола, а кај домашниот Сант Рафаел прво име беше Кошето со 6 гола. Нант е лидер заедно со ПСЖ и Монпелје со по 6 бода.