hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: "Кил и Атлетико Мадрид можат повторно до крај"

KL big 4 copy

ehfCL.com разговораше со македонскиот стрелец на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров пред натпреварот на неделата во Кил.

 ehfCL.com: Атлетико Мадрид го загуби првиот натпревар против Кил дома. Како ги оценувате шансите за победа во Германија?

Кирил Лазаров: Го победивме Кил во Катар кога станавме светски клубски првак. Ракометарите на Кил беа многу помотивирани и многу подобро тактички подготвени кога играа во Мадрид. Сега се надевам дека ние сме во состојба да вратиме со поголема мотивација и подобра подготовка да го изненадиме Кил. Но ние повторно имаме целосен респект за нив.

ehfCL.com: Тоа ќе биде веќе четврти дуел на Атлтико Мадрид и Кил во само шест месеци. Дали знаете сè за противникот?

Кирил Лазаров: Кил е голем тим со голема ракометна традиција. Двете страни меѓусебно се познаваат внатре во душата и како и обично малку нешта ќе одлучат за победникот.

ehfCL.com: Атлетико Мадрид и Кил загубија веќе неколку натпревари. Дали го очекувавте тоа?

Кирил Лазаров: Тоа јасно можеше да се очекува дека ќе загубиме неколку натпревари, бидејќи имавме толку многу големи промени во нашиот тим пред оваа сезона. Кил беше во поинаква ситуација, бидејќи тие имаа само една голема промена на десен бек, место Ким Андерсон дојде Марко Вујин. За мене беше големо изненадување кога загубија од РК Пивоварна Целје. Од друга страна, да се загуби против Веспрем не беше големо изненадување.

ehfCL.com: Дали очекувате вашиот поранешен тим Веспрем да биде толку доминантен?

Кирил Лазаров: Веспрем во моментов го има најдобриот тим од кога клубот постои. Очекував да бидат навистина добри, но не очекував дека дека тие ќе успеат да играат на ова ниво толку рано во сезоната.

ehfCL.com: Може ли Атлетико Мадрид или Кил сè уште да стане број еден во вашата група, или оваа позиција веќе е резервирана за Веспрем?

Кирил Лазаров: На почетокот на групната фаза би рекол дека Кил и Атлетико Мадрид се во можност да завршат на врвот на табелата на крајот, но сега Веспрем е мојот фаворит број еден да ја заврши оваа група на врвот.

ehfCL.com: Колку тешко влијаеше за вашиот тим повредата на Хозе Хавиер Омбрадос?

Кирил Лазаров: Омбрадос беше и се уште е душата на нашиот тим. Се разбира, во моментов се чувствуваат последиците од неговата повреда. Но, ние мора да гледаме напред и да се справиме со оваа ситуација на конкурентен начин. Мора да играме и за капитенот Омбрадос.

ehfCL.com: Како и во Загреб ваш тимски колега е Ивано Балиќ и во Мадрид. Како е чувството пак да бидете во ист тим?

Кирил Лазаров: Лесно е за мене да се игра со Ивано, се знаеме во и надвор од теренот со години, па не ни треба долго време да се прилагодиме.

ehfCL.com: Мечот на неделата во Кил ќе биде дуел на двата балкански стрелци Кирил Лазаров и Марко Вујин?

Кирил Лазаров: Не, двата тима можат да сметаат на голем број на врвни стрелци, па според мое мислење тоа нема тоа да биде дуел помеѓу мене и Марко.

ehfCL.com: Дали е сè уште е можно Кил и Атлетико Мадрид да стигнат повторно до крајот до VELUX EHF FINALFOUR во Келн?

Кирил Лазаров: Тоа е навистина тежок предизвик за двете екипи, но верувам дека двете екипи ќе се справат со предизвикот и ќе бидат повторно во големата четворка.

Share