hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Нант го освоија „Шпаркасе Купот“.

kire sparkase kup

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговиот Нант го освоија „Шпаркасе купот", откако во финалето ја совладаа екипата на Веспрем со 34:32. Лазаров како и против Фуксе Берлин, покажа дека ќе биде лидер на својата нова екипа, токму во дуелот против неговиот поранешен клуб, а сега клуб на неговиот репрезентативен другар Дејан Манасков.

При 25:25 во 48 минута Французите направија серија и се одлепија до триумф. Македонскиот лев бек натпреварот го заврши со три гола, сите во второто полувреме, додека на спротивната страна Дејан Манасков исто така три пати се запиша меѓу стрелците.

Најефикасни на натпреварот беа Клер кај Нант и Илиќ кај Веспрем со по шест гола. Ова е уште еден успешен чекор на екипата на Тјери Анти во обидот да се перфекционира формата пред „Трофејот на шампионите" за две и пол недели. Таму Нант ќе се обиде да ја симне круната на неприкосновениот владетел ПСЖ.

Share