hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и Веспрем во финалето на „Шпаркасе Купот“, Лазаров одличен против Фуксе Берлин

klajn nant

Ракометарите на Нант, каде што од оваа сезона настапува Кирил Лазаров обезбедија финале на „Шпаркасе Купот" и утре за титулата ќе се борат со екипата на Веспрем, екипата во чии редови оваа сезона настапува Дејан Манасков. Францускиот вицешампион стигна до две победи против Штутгарт и Фуксе Берлин, потврдувајќи дека екипата е во одлична форма неколку недели по почетокот на подготовки.

Вечерва Нант извојува победа против Фуксе Берлин со 34:28, а Ниокас со 8 постигнати гола беше најефикасен поединец на натпреварот. Лазаров исто така беше на висината на задачата и со 5 гола беше меѓу најистакнатите поединци на натреварот.

Веспрем се избори за место во финалето и покрај ремито со ППД Загреб (28:28).

Share