hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Калман побрз од сирената

kire 29 11 2012

Арагон - Атлетико Мадрид 24:24 (10:10)

Пред големите предизвици Кил и Барселона, Лазаров и Атлетико Мадрид мораа да ја одработат и последната пречка пред директната пресметка со шампионот во ASOBAL лигата. Гостувањето во Сарагоса кај Арагон, само еден ден по триумфот на Барса над Адемар Леон, ни малку не беше едноставно и не можеше да се окарактеризира како однапред впишани бодови.

Од почетокот можеше да се насети тврд натпревар со мал број на голови. Јоан Канељас со два гола добро го отвори мечот за екипата од главниот град. Босанскиот чувар на мрежата Шабановиќ исто така добро го отвори мечот, но синот на Талант, Алекс Душебаев со гол и асистенција израмни на 3:3. Бараше, Гојун и Јуркиевич го носат првото одлепување на гостите за 3:6 во 11 минута.

 По тајм-аутот на Маријано Ортега, реагираа ракометарите на Арагон и Алекс Душебаев и Лозано доаѓаат до 7:7 во 19 минута. Лазаров со својот втор гол и Гојун пак донесоа минимална предност на мадриѓаните. Агинагалде за гостите и Виго за домаќините во последната минута погодија за израмнети 10:10 по првиот дел. Шабановиќ со 10 интервенции го чуваше Атлетико, кој пак имаше многу неизнудени грешки и предолги негативни периоди во натпреварот. Алекс Душебаев само уште еднаш го потврдуваше својот талент пред очите на неговиот татко.

Чави Гарсија и Казанова за Арагон погодија веднаш по враќањето на ракометарите на паркетот. Жешкиот амбиент во Сарагоса притискаше за домашната екипа да побегне во резултатската изедначеност. Молина и Арињо со два гола од контранапади во 38 минута за прв пат му донесоа +2 на ракометарите на Ортега (15:13). Кога Алекс Душебаев, вечерва супер мотивиран, погоди по петти пат во 42 минута Арагон имаше 18:14 и тоа веќе беше голема преокупација за црвено-белите. Но како и во почетната фаза, Јоан Канељас ја превзеде одговорноста и погоди три пати во неполни 3 минути и тоа два пати од чекор за нов приклучок на гостите (18:17). Но ова беше вечер на Алекс Душебаев, кој пак инспирирано мина низ гостинската одбрана и со два гола врати на +4 (21:17). Од тој момент започна ризичната игра во одбрана на Атлетико Мадрид. Лазаров не реализира седмерец, Маркусен се разбуди со „бомба„ од 10 метри за 23:20, а седмиот гол на Канељас беше предупредување за Арагон. Трилерот во последните 4 минути започна со две технички грешки на ракометарите на Арагон.

На голот на Маркусен за 23:22, одговори Алекс Душебаев со својот осми гол. 90 секунди го делеа Арагон од подвиг и победа против светскиот клубски првак. Но Атлетико Мадрид до крај веруваше дека може да остане непоразен. Така Калман на неполна минута до крајот намали на -1, а истиот ракометар со звукот на сирената го спаси Атлетико Мадрид од пораз и донесе бод од Сарагоса. Во домашната екопа одличен младиот Алекс Душебаев со 8 гола, а кај гостите Шабановиќ собра 16 интервенции, а Канељас со 7 гола има голема заслуга за освоениот бод. Кирил Лазаров постигна 2 гола. Атлетико Мадрид го загуби првиот бод во ASOBAL лигата и со заостанување од еден бод ќе го дочека првакот Барселона на 9 декември во 13 часот. Првичниот план на Атлетико Мадрид беше да се добијат сите средби пред големата пресметка, но ова реми може скапо да ги чини избраниците на Талант. Можат да се поправат на двата наредни мечеви со Кил и Барселона, за кои не е потребна дополнителна мотивација за професиналците од главниот шпански град.

Комплетниот извештај од натпреварот погледнете го ТУКА:

Share