hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Подраматично од Букурешт, но пак слави Атлетико Мадрид

kire 25 11 2012

Атлетико Мадрид - Констанца 25:24 (12:11)

Само десет дена од меѓусебниот дуел во Романија, Атлетико Мадрид и Констанца мораа пак на мегдан во Лигата на шампионите, во меч со голем влог за двете екипи. Шундовски и Ангеловски знаеа дека патот во презимувањето на првакот на Романија води само преку подвизи во последните четири средби, а како невозможна мисија беше окарактеризираната можноста за полн плен во „Висталегре„. Хулен Агинагалде добро го отвори мечот и со два гола од пивотменската позиција ги доведе шпанците во водство. Србинот Далибор Чутура со два врзани гола одржуваше егал се до 11 минута, кога голгетерите Николај Маркусен и Кирил Лазаров ги постигнаа првите свои голови за 6:4. Првото осетливо одлепување го направи Атлетико Мадрид во 17 минута, кога Еду Фернандез и Дејвис од контра донесоа 9:6. Одбраната на домаќините проработе, Дал се разбрани и Маркусен со вториот гол погоди за највисоки 12:8. Но како и на првата средба во Романија, ни една екипа не успеа да преовладее над другата и Хумат со серија на голови на одморот намали на 12:11.

На почетокот на вториот дел, Лазаров од седум метри со својот втор гол зголеми на 13:11, а по неизнудените грешки на екипата на Шундовски, Јонас Калман и Ивано Балиќ пак ја израдуваа публиката со атрактивни голови за 16:12 во 35 минута. Кога Лазаров го постигна својот трет гол, а Роберто за прв пат се запиша меѓу стрелците, во 41 минута предноста на Атлетико Мадрид порасна на 18:13. Констанца ја одржуваше во игра Попеску, а во централната фаза од вториот дел со мини-серија од 4:1, романците пак се вратија во натпреварот. Со два гола на Тома во 46 минута дури дојдоа до само 1 гол дефицит (20:19). Сепак искуството од ваков тип на натпревари како и во Букурешт дојде до израз во последните неколку минути. Ферер и Бараше погодија од изградени акции и Атлетико Мадрид дојде до 23:20. Вистинска драма се случи во последните 2 минути. Дал оствари две врзани интервенции, Хумет намали на 25:24, а Душебаев на 17 секунди пред крајот побара тајм-аут. На крај и покрај драмата шпанскиот и европскиот вицешампион го приведе мечот кон крај за важна победа во Лигата на шампионите. Лазаров и Гарсија Парондо со по 4 гола најефикасни кај домаќините, а Тома со 6 и Бранко Ангеловски со 5 се истакнаа кај Констанца. Нешто преку 4.000 гледачи во „Висталегре„ видоа не многу квалитетен, но до крај драматичен натпревар. Атлетико Мадрид останува со опции за скоро сите места кои водат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот погледнете го ТУКА:

Share