hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шабановиќ го сопре разиграниот Грањолерс

kire 21 11 2012

Атлетико Мадрид - Грањолерс 30:26 (13:12)

Тешко издвојувана победа на ракометарите на Атлетико Мадрид во мечот со традиционалниот шпански подзаспан „џин„ Грањолерс. Екипата од главниот град денес ги одмараше Агинагалде, Калман и Балиќ, кои ќе се вратат за мечот со Констанца в недела. Мечот го отвори агресивно каталонскиот тим и со головите на Грундштајн и Раул Кампос поведе со 1:2 .Со три гола од 3 до 7 минута пољакот Мариуш Јуркиевич го сврте резултатот до 4:2 за тимот на Душебаев. Но споменатите двајца ракометари на Грањолерс прават мала серија и на половина полувреме пак водат гостите со 5:6. Домаќините пак грешеа при концентрацијата и со серијата технички грешки дозволија Маласинскас со два гола да зголеми на 7:10 во 20 минута. Канељас и Маркусен со 4 неодговорени гола од дистанца донесоа драматичен финиш при 12:12 во 28 минута. Благодарение на 10 интервенции на Шабановиќ и првенецот на Бараше, на одмор Атлетико Мадрид отиде со минимални 13:12.

И вториот дел започна со серија на одбрани на Шабановиќ, но Фелез во 36 минута пак го врти резултатот за 15:16. Македонскиот ас Кирил Лазаров, кој играше многу малку својот прв гол го постигна во 39 минута за 17:17. Но Гојун со две исклучувања пак ја искомпликува работата и Раул Кампос на половина од вториот дел ја одржуваше минималната предност на Грањолерс. Тогаш почна серијата на Канељас, босанецот Шабановиќ го „маѓепса„ голот, а Маркусен го „одлепи„ домаќинот за 23:19. Кога во ритам влезе и Бараше со три врзани гола меѓу 47 и 52 минута, победникот беше одлучен. Брзото крило Дејвис и Канељас со уште два гола го заокружија единаесеттиот триумф на Атлетико Мадрид во исто толку средби од ASOBAL лигата. Најзаслужни за него беа голманот Шабановиќ со 20 одбрани, Канељас со 6 и Маркусен со 5 гола. Кирил Лазаров постигна 1 гол, а играше малку во споредба со претходните два меча во кои беше главен актер со 16 гола. Кај гостите одлични Грундштајн и Раул Кампос. Атлетико Мадрид оди по планот и на три недели до големото дерби со Барселона го одржува бодовниот чекор со шампионот. В недела следува вториот меч во 10 дена со Констанца на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски во рамките на Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот погледнете го ТУКА:

 

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share