hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров имаше свое шоу, Македонија со голема победа над Исланд

кире со исланд

Македонија - Исланд 30:25 (15:13)

Македонската ракометна репрезентација со победа над Исланд од 30:25 (15:13) ги продолжи квалификациите за ЕП во Хрватска. На дебито на новиот селектор Раул Гонзалез, нашите ракометари блеснаа и во целост го надиграа големиот и престижен противник. Исланѓаните отворија со два погодоци, по што следуваше проектил на Филип Талески 1:2. Капитенот Лазаров беше прецизен од пенал за 2:2, а по одбраната на Ристовски , Стоилов и Лазаров погодија за 4:2. Палмарсон ја намали негативата на Исланд 4:3, но Талески повторно беше прецизен за 5:3. На 5 минути пред крајот нашите ракометари стигнаа до највисоки 14:10. Исланѓаните беа посигурни во нападот и дојдоа до само два негатива со звукот на сирената која означи крај на првиот дел 15:13.

По првите десет минути од вториот дел во кој Исланд израмни, па дури и поведе, успеавме да ја стабилизираме играта и со головите на Стоилов и Кузмановски, Македонија повторно поведе. „Црвено-жолтите" ја вратија предноста од два гола во 47 минута.
Филип Талески од девет метра погоди во мрежата на Густавсон за 23:20, а потоа погоди и за 24:21.

Во 52 минута Кире Лазаров со удар од седум метри го постигна својот десетти гол, а Македонија поведе со 26:23. Во одлучувачките моменти Ристовски со неколку интервенции ги запре Исланѓаните, а нападот одлично си ја заврши работата за на крајот убедливи 30:25.

Кире Лазаров со 11 голови беше најефикасен, а Ристовски собра 13 успешни интервенции. Талески исто така беше одличен со по пет гола, додека кај Исланѓаните Палмарсон и Сигурдсон беа стрелци на по 6 гола.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share