hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров втор пат во идеалниот тим

kire 20 11 2012 1

Македонскиот ракометар и член на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров влезе во тимот на колото во Лигата на шампионите, по одличните игри во нивните клубови. Лазаров постигна девет гола за Атлетико на гостувањето кај Констанца и беше клучен играч за пресвртот во Романија. Ова е второ вклучување на капитенот на македонската репрезентација во идеалната седморка, по неговиот блескав настапи во Цеље против Пивоварна Цеље.

 

Идеален тим на колото:

Десно крило: Драган Гајиќ (Монпелје)

Десен бек: Кире Лазаров (Атлетико Мадрид)

Лево крило: Каспер Мортенсен (Силкеборг)

Лев бек: Икер Ромеро (Фуксе Берлин)

Среден бек: Павел Атман (Динамо Минск)

Кружен напаѓач: Младен Ракчевиќ (Металург)

Голман: Славомир Шмал (Киелце)

Лазаров со 32 гола е петти стрелец во Лигата на шампионите, со осум гола доцнење зад водечкиот Иван Чупиќ од Киелце. По пет меча во Б групата, Лазаров е најдобар стрелец со нешто повеќе од 6 гола по натпревар.

Share