hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Раул прозиваше, Македонија во комплетен состав го одработи попладневниот тренинг

раул деби

Новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез ги одржа првите тренинзи со нашиот национален тим. Во позитивна атмосфера, Шпанецот го направи првиот попис на повиканите ракометари за двомечот против Исланд во квалификациите за ЕП 2017.

Попладнево на групата која тренираше уште утрово им се приклучија Кирил Лазаров, Филип Талески и Дејан Манасков и со комплетна група на ракометари, Шпанецот и неговите помошници Парондо и Царчев почнаа да го подготвуваат првиот меч против Исланд.

Македонија ќе го пречека Исланд на 4 мај од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски".


Share