hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса го надополни поразот од Кил, Лазаров на својот петти Ф4

barca f4

Барселона е вториот патник на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет и му се придружи на Вардар кој визата за „Ланксес арената" ја извади во четвртокот навечер. Барселона во „Палау Блауграна" пред 6.000 гледачи го совлада Кил со 23:18 (13-9) и Лазаров по петти пат ќе игра на завршен турнир.

Мечот започна со гол од отпадок на младиот Дика Мем и брза конта на Томас за 2:0 за Барса. Домашните подобро го почнаа мечот и Раул Ентрериос и Валеро Ривера погодија за +3 во 11 минута (6:3). Повратникот на голот Гонзало Перез де Варгас со два одбранет зицери ја подигна екипата и Барса наликуваше како од своите најдобри изданија.

Следеше период на грешки од двете страни и влегување на Лазаров на средина од првиот дел. Лацковиќ погоди за 7:6. Сепак, Барса реагираше и Лазаров погоди за 9:6, Нгесан реализираше за 10:7 во 22 минута. Следеше исклучување на Брозовиќ и гол на Ривера за +4 на пет минути до одморот. Стрпливата игра им се исплатеше на момците на Пасквал и Арињо погоди од контра напад за 13:8 и тајм-аут на Гисласон. Со голот на Вујин со звукот на сирената, Кил на одмор замина со 13:9 и многу подобра игра на шпанскиот шампион.

Вториот дел започна со многу цврсти одбрани и несфатливи технички грешки од двете страни. Нодесбо погоди за 16:11 и брзо клупата на Кил повика тајм-аут. Се играше многу неефективно и двете екипи имаа неверојатни потешкотии да постигнат гол.

Лазаров погоди од игра и изнуди седмерец, кој Ривера го реализира за 20:15 во 52. минута. Својот позитивен момент Лазаров го заокружи со уште еден гол за 21:16. На секое доближување на Германците, Пасквал го сецкаше ритамот и повика тајм-аут на +4. Жалуз заработи исклучување и Екберг намали на 21:18. Сепак, Ривера и Гонзало ја завршија приказната и со 23-18 Барса заслужено ја доби „војната" против Кил.

Ривера со 7 и Томас со 4 гола беа најефикасни во екипата на Барселона, а кај Кил се истакнаа. Нашиот Кирил Лазаров постигна три гола, а одбраните на Гонзало се покажаа како клучни за реваншот на Барса за ланската елиминација во четвртфиналето. Вујин и Екберг со по 4 гола беа најефикасни кај „зебрите".

Share