evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Барса слави во Леон, Каталонците со 150 победи по ред во Шпанија

lazarov barca 11

Адемар Леон - Барселона 27:28 (11:15)

Шампионот Барселона се наоѓа е на чекор до нова „перфектна сезона" во ASOBAL лигата, бидејќи на тешкото гостување во Леон забележа минимална победа против Адемар Леон со 27:28. Со оваа победа Барселона стигна до 150 победи во низа во шпанските ракометни натпреварувања, што јасно ја покажува доминацијата на Лазаров и соиграчите.

Барселона поведе со 3-4 гола разлика од самиот старт, а на одмор отиде со 11-15. Но, домаќините во финишот се вратија, но Каталонците успеаја да одолеат на завршниот притисок и забележаа нова победа, па сега на Барса и недостигаат уште пет победи во преостанатите пет кола за нова перфектна сезона во шпанското ракометно друштво.

Кирил Лазаров постигна 2 гола, а на голот Ристовски имаше 9 одбрани од 36 упаени шута кон голот што е 25% одбранети удари. Првo име во редовите на Барселона со максимален ефект 7 од 7 беше Валерио Ривера.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

apple google StoreIconAmazon