hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Гонзало се повреди на тренинг, Борко Ристовски на голот на Барса против Кил

gonzalo barca

Чуварот на мрежата на Барселона и шпанската репрезентација Гонзало Перез де Варгас вчера заработи повреда на малиот прст на левата рака на тренинг и итно во текот на утрешниот ден ќе биде опериран.

Ова е тежок удар на Каталонците, бидејќи нивниот прв избор за голманската позиција ќе го пропушти остатокот на сезоната. Повредата доаѓа само еден месец по таа на Ласе Андерсон, кој беше заменет со Антонио Гарсија од Колдинг.

Двата дуели против Кил, закажани за 23 и за 29 април се првите два големи теста за екипата на Барселона. Кил е последната пречка на Барса пред завршниот турнир во Келн. Минатата сезона „зебрите" од северна Германија ја елиминираа Барса токму во оваа фаза и сега момците на Пасквал се желни за реванш.

Share