hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова убедлива победа на Барса, Лазаров втор најдобар стрелец

kire bm

Вила де Аранда – Барселона 23:39 (10:17)

Само неколку дена откако го дознаа името на противникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона забележаа нова очекувана победа во ASOBAL лигата, откако на гости ја победија екипата на Вила де Аранда со 23:39 (10:17).

Мечот започна многу сериозно од гостинскиот тим, кој преку Раул Ентрериос и Камил Сипржак дојде до чувствителни 2:6. Ниту тајм-аут не ги сопре фаворитите од Каталонија, кои до одморот полека ги разиграа сите свои ракометари и на одмор момците на Пасквал заминаа со предност од +7 гола.

Второто полувреме беше чиста рутина. Пасквал им даде шанса на сите свои ракометари, а Лазаров и Сорондо ја полнеа мрежата на Вила де Аранда. Така, минута по минута предноста брзо стана двоцифрена и мечот заврши со финални 23:39.

Во екипата на Барселона се истакнаа Виктор Томас со 8 гола без промашување, нашиот Кирил Лазаров со 6 гола и Сорондо, кој даде 4 гола. Кај Вила де Аранда најпозитивни беа Ајала и Кампос со по 5 гола. Со оваа победа Барселона стигна до 23 победа од исто толки натпревари и се доближува до математичка потврда на уште една ASOBAL титула.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share