hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ASOBAL Купот во декември во Виго

kire 15 kup

Шпанската ракометна ASOBAL асоцијација го одреди галициското место Виго како домаќин за завршниот турнир на ASOBAL купот на 21 и 22 декември. По трет па по 1995 и 2010 година, овој град ќе биде домаќин на таканаречениот фајнал-фоур. Четирите екипи кои ќе завршат на првите четири позиции по првиот дел од ASOBAL лигата ќе играат на овој куп турнир. Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи во Виго неколку дена пред почетокот на турнирот. Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров како и бранителот на титулата од Леон минатата година Барселона, сигурно ќе учествуваат на овогодинешниот турнир, бидејќи се неприкосновени во шпанскиот ракомет и оваа сезона. Во 1995 година под името Сиудад Реал во Виго екипата од Мадрид се радуваше на трофејот. Полуфиналните мечеви се играат на 21 декември, а финалето ден подоцна во сабота на 22 октомври. Во арената „Ас Травесас„ со капацитет од 5.500 гледачи, љубителите на ракометот ќе уживаат во уште една убава манифестација, која за прв пат се одржа во 1990 година.

Share