hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров подели нова лекција, Кил извлече бод против Барселона

klkil

Кил – Барселона 27:27 (13:15)

Во меч на старите познаници на европскиот ракомет, во „Шпаркасе арената" во Кил, германскиот вицешампион и Барселона играа без победник 27:27 (13:15) во голема драма во која во финишот и едните и другите можеа да стигнат до победа.

Гостите подобро го отворија мечот и поведоа со 1:4 со гол на Кирил Лазаров во воведната фаза од натпреварот. Сепак, главната улога ја имаше Жалуз, кој постигна четири гола во половина полувреме и предноста од 2-3 гола постоjaно висеше над глава на домаќинот во „Шпаркасе арената".

Следеше период на грешки, па пак два гола на Лазаров за 9:12 на четири минути до одморот. Непогрешливиот Екберг го одржуваше Кил во мечот, а со головите на Ривера на одмор со предност заминаа гостите од Каталонија (13:15).

Нашиот репрезентативец погоди на почетокот на вториот дел, а по контрата на Ривера веќе беше +3 за момците на Пасквал. Сепак, на головите на Лазаров реплицираше Екберг и Кил се доближи на 21:22 на средина од второто полувреме. Се разигра и Марко Вујин и со неговите два гола Кил поведе со 24:23.

Лазаров погоди по седми пат и намали на 25:24 на седум мннути до крајот на натпреварот. Во игра гол за гол, Нгесан погоди за 26:27 и нов приклучок на гостите. Сепак, „зебрите" во финишот израмнија преку Билик и извлекоа бод од големата драма против шпанскиот шампион (27:27).

Најефикасни во домашната екипа беа Вујин и Екберг со по 8 гола, а кај гостите се истакнаа нашиот Лазаров со 8 гола и Ривера со 5 гола.

Share