hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ASOBAL дербито на 9 декември во 13 часот

kire 12 11 2012

Шпанската ASOBAL федерација го објави терминот и сатницата за најважниот меч во шпанското ракометно првенство до крајот на годината. Имено минатата сезона, Барселона стана првак со само еден пораз, а Атлетико Мадрид беше втор со еден пораз и едно реми. Така и оваа сезона меѓусебниот дуел на двата кандидати за титулата можат да решат многу работи. Како и минатата сезона првиот меч на конкурентите се игра во „Висталегре„ во Мадрид и пак во декември. Конкретно на 9 декември во 13 часот, Атлетико Мадрид ќе се обиде да му се реваншира на каталонците за поразот во истата фаза во претходниот шампионат. Организаторот на средбата веќе ги пушти билетите во продажба и како и во ASOBAL Суперкупот, тоа ќе биде најпосетуваниот натпревар во сезоната во главниот град.

Share