hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров постигна 6 гола, Барса подобра од Натурхаус Ла Роха

lazarov vs naturhouse

Барселона - Натурхаус Ла Роха 28:24 (11:11)

Ракометарите на Барселона самод два дена по победата над Кадетен Шафхаузен во Лигата на шампионите, забележаа нова победа, овој пат во ASOBAL лигата против Натурхаус Ла Роха. Лазаров и Ристовски со соиграчите триумфираа со 28:24 (11:11), откако во вториот дел го скршија отпорот на гостите од Логроњес.

Домаќините добро почнаа, но наидоа на расположениот Агинагалде на голот и неговите одбрани го одржуваа гостинот од Логроњо во натпреварот. Лазаров се разигра во последните мигови од првиот дел и со голови и асистенции најави што ќе се случува во второто полувреме. По одморот со серија 7-2 и лесни голови на крилата, екипата на Пасквал отиде на +56 и покомотно во приведе дуелот кон крај.

Борко Ристовски не доби шанса да настапи, а Гонзало собра 16 интервенции, кои се покажаа како клучни за победата на екипата на Чави Пасквал. Кирил Лазаров одигра одличен натпревар и постигна 6 гола со уште неколку асистенции за соиграчите.

Во победничката екипа беа покрај нашиот капитен, Мем и Ентрериос постигнаа по 4 гола. Кај Натурхаус Ла Роха се издвоија Мигалон и Рокас со по 5 гола, а Гуриц Агинагалде со 19 интервенции долго време ја држеше својата екипа во игра.

Барса има 17 победи од исто толку натпревари и преку три и пол сезони не знае за пораз во домашниот шампионат.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share