hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Паузата добро ни дојде„

kire 09 11 2012

По двонеделната пауза продолжува шпанската ASOBAL лига и веднаш Атлетико Мадрид има можност да продолжи онаму каде што застана. Мечот со Сиудад Енкантада е првиот предизвик во втората половина од полусезоната, која нуди нов маратон на средби во домашното првенство и Лигата на шампионите се до средината на декември. Македонскиот ас Кирил Лазаров за официјалниот сервис на клубот ја пренесе атмосферата по петочниот утрински тренинг.

„Оваа пауза во шампионатот е добредојдена за со нова енергија и нови желби да продолжиме. Треба да подобриме многу работи од она што го игравме пред паузата. За нас добра работа е што имаме се помалку повредени и можеме да се насочиме на мечот со С. Енкантада. Ние треба да ја играме нашата игра, знаеме дека противникот има квалитетни ракометари и многу искуство. Тие имаат добар систем на игра и добар тренер и мислам дека играат многу добро оваа сезона„ рече Кирил Лазаров за официјалната веб страна на Атлетико Мадрид. На тренингот во четвртокот се појави повредениот капитен Хозе Хавиер Омбрадос и ги поздрави соиграчи, посакувајчи му среќа за предизвиците кои следат.

Share