hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса пак подобра од Гранољерс, Лазаров стрелец на четири гола

lazarov barca 1

Гранољерс – Барселона 20:31 (6:11)

Неполна недела по завршувањето на Светското првенство во Франција, продолжи шпанската ASOBAL лига и тоа веднаш со каталонското дерби помеѓу Гранољерс и Барселона. Екипата на Чави Паксвал, која оваа сезона веќе го совлада Гранољерс во сите натпреварување, се радуваше и на триумф во 16 коло со 20:31 (6-11).

Од самиот почеток првакот на Шпанија започна многу сериозно и по 3:3 со головите на Жалуз и Томас, првпат се одлепи на +2. Подоцна Лазаров постигна два гол, погоди и Арињо за 5:9 во 21 минута. Се играше со многу цврсти одбрани и со мал број на голови, а и голманите се истакнаа. Гонзало по само 20 минути имаше двоцифрен број на одбрани, а не заостануваше многу ниту Састре на домашниот гол.

Нгесан во 27 минута погоди за 6:11 што беше и конечен резултат по првиот дел, во чиј што финиш три минути ниту едната, ниту другата екипа не постигна гол.

Фаворитот одлично го почна и вториот дел и со головите на Арињо и Ривера во 35 минута зголеми на убедливи 7:15. Со таа инерција мечот продолжи во централната фаза од вториот дел, а Лазаров со ефектен гол во 47 минута погоди за 16:23. Последните десетина минути беа чиста формалност, шанса доби и Дика Мем, а почна да погодува и Жалуз. На крајот Барса извојува победа од 20:31.

Во екипата на Барселона најефикасни беа Арињо со 5 и Лазаров со 4 гола, а Гонзало собра 17 интервенции. Борко Ристовски не доби шанса, покрај одличниот шпански репрезентативец Гонзало Перез де Варгас. Кај Гранољерс одличен натпревар одиграа Фигуерес Трехо со 6 гола и голманот Пол Састре со 15 интервенции. Барса го положи тестот пред враќањето на Лигата на шампионите, каде во есенскиот дел Каталонците загубија само еден натпревар, во Париз од ПСЖ.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share