hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров прогласен за најдобар ракометар за декември минатата година

lazarov dekemvri

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров пред почетокот на Светското првенство доби признание од ЕХФ како најдобар ракометар за декември, 2016 година. Ова е прво вакво признание во неговата кариера.

„За мене оваа награда претставува голема чест што бев избран за најдобар ракометар во декември, бидејќи ова е прва ваква чест во мојата кариера. Голем е бројот на ракометни ѕвезди кои што се дел од европските натпреварувања и даваат дополнителна тежина на оваа награда. Благодарност до сите тие кои што го дадоа гласот за мене" рече нашиот најдобар ракометар, Лазаров.

Наградата за најдобра ракометарка за последниот месец од минатата година и припадна на Холанѓанката Нике Грот од Ѓер.

Share