hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Најслабо во последните години„

kire izjava 04 11

Како и многу често во минатото по поразите на нашиот национален тим, капитенот Кирил Лазаров веднаш се огласи со свој став, да ја заштити групата на ракометари и да го пренесе ставот од „прва рака„. Разoчарување чувствуваат сите во нашиот табор и симпатизерите, но од овој меч и тоа како треба да се извадат правилните заклучоци.

„Го одигравме можеби најслабиот натпревар во последните години. Тоа што ни се случи со Швајцарија, ни се повтори и овде во Еспињо. Големи падови во играта не се дозволени за една амбициозна репрезентација. Тоа противникот го казнува експресно. Можеби занесени од добрата играта и огромната гол разлика со Швајцарија, подсвесно помисливме дека сме многу силни и покрај проблемите со кои се соочувавме во претходните денови. Но сепак од овие работи можат да се научат големи поуки. Затоа што ништо не е загубено. Сеуште ние сме големи фаворити за пласман во Данска. На грешките се учи. Ја загубивме „битката„ но не и „војната„ заврши Лазаров нешто повеќе од два часа по поразот во Португалија

Share