hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лош почеток, уште полош крај за Македонија во Еспињо

kire 04 11 2012

Португалија - Македонија 32:25 (18:13)

Четири дена по победата над Швајцарија, Македонија на Звонко Шундовски со три измени во тимот, мораше на гости во Еспињо да брка победа за мирен зимски сон. Борко Ристовски се врати во комбинација на голот, Златко Мојсоски го замени Георгиевски, а неговиот брат Наумче остана во Скопје да ја лекува повредата на мускулот. Борко Ристовски се врати на местото на настанот, на одбранетиот седмерец во Гимареш во јануари 2008 година, кој ни ги отвори вратите до подоцна блескавиот мундијал во Хрватска (11 место). Мечот почна одлично за нашата селекција и најнапред Филип, па и Кирил Лазаров погодија за почетните водства на нашата селекција (1:2). Во 6 минута и битолчанецот Бранко Ангеловски погоди од првиот упатен удар за растеж на нашата самодоверба.

 Но португалците со придодавања на линијата од 6 метри, со два гола на Спинола одржуваа резултатска рамнотежа. Во 7 минута Магаљеш со првиот гол го донесе првото водство на домаќинот. Од тој момент брзата игра, полуконтрата и играта преку крилата ги донесе португалците до првото одлепување. Тавареш и Дејвис со голови за водство за 6:3, го принудија Шундовски веднаш на тајм-аут. Разноврсната игра на нашите домаќини, потсети на играта на Бразил во Гетеборг на олимписките квалификции, каде „кариоките„ не совладаа. Во 11 минута Тавареш со својот втор гол, донесе највисоки 9:4 и на нашиот гол Митревски го замени Ристовски. Карнеиро од стартот играше стриктно на Кирил Лазаров, а во неполни 15 минути примивме 10 гола со само три одбрани на голманите (по 1 на Ристовски и 2 на Митревски). Жозе Кошта со гол од линијата од шест метри зголеми на 11:4, за нашето најслабо половина полувреме во последните неколку години. Во 17 минута капитенот изнуди седмерец и со својот втор гол намали на 11:5. Минута подоцна откако Кирил Лазаров го погоди дирекот од седмерец, Миркуловски од контра врза два наши гола за 11:6. Нашиот долг пат за враќање во натпреварот го најавија К. Лазаров и Миркуловски со голови за 12:8. Но нашиот обид брзо го прочитаа португалците и Андраде со три гола не врати на -7. Како никогаш до сега правевме технички гречки, топките ни паѓаа од раце (9 технички грешки во првиот дел) , а тоа беше како порачано за стилот на игра на нашите противници. По вториот тајм-аут погоди Ангеловски, па и Дејан Манасков погодија за 16:10 во 25 минута. Кога Митревски два пати одбрани по ударите не Дејвиес, Кирил Лазаров со четвртиот гол намали на 17:12. Во последната минута Миркуловски направи чекори и пропушти можност да спушти на - 4. Најслабо полувреме на овој тим на Македонија и оправдана загриженост кај нашите ракометни навивачи.

Дејвиес со ефектен гол го отвори вториот дел, а К. Лазаров од седмерец намали на 19:14. Покрај капитенот расположен беше и Дејан Манасков, кој со петтиот гол намали на 20:15. Во 35 минута Велко Марковски од контранапад по подолго време не спушти на - 4, а Манасков веднаш потоа ги „освежи„ нашите надежи со гол за 20:17. Но половина минута потоа, Јоновски беше исклучен и Карнеиро веднаш ја прекина нашата серија. Кирил Лазаров со својот шести гол не донесе на поволни 21:18 во 40 минута. Нашата игра добиваше се повеќе смисла, а евидентно беше дека португалците не можат да го издржат наметнатото темпо. Во 41 минута капитенот го најде Ангеловски кој со својот трет гол намали на 22:20. За само 10 минути во вториот дел ја истопивме повеќе од половината од предноста на Португалија. Тогаш Митко Стоилов заработи исклучување и пак Португалија со два гола побегна на +4. Миркуловски изнуди седмерец и исклучување, а капитенот со седмиот гол од казнен удар и веднаш потоа осмиот од контра намали на 25:23 на половина од вториот дел. Во последните 10 минути се влезе со деветиот гол на Кирил Лазаров за 26:24. Иако по трет пат имавме напад да дојдеме до -1, Миркуловски погреши и Кошта и Мореира вратија на солидни 28:24. Во последните 5 минути се влезе со скоро сигурна победа на домаќинот и наша борба за што е можно потесен пораз. Но наместо тоа Карнеиро ги донесе момците на Фреитас до 32:25 на 90 секунди до крајот, при последниот тајм-аут во мечот. Безредието во нашата одбрана не донесе реакција ниту во последните два напади. Во нашата селекција Кирил Лазаров постигна 9, а Дејан Манасков 6 гола. Митревски имаше 9 одбрани. Кај Португалија Дејвиес (5 гола) и Карнеиро (9 гола) беа најзаслужни за победата.

Во вториот меч од нашата група Шпанија лесно славеше во Швајцарија со 33:22 и го запоседна врвот на нашата група. Токму момците на Валерио Ривера во април во два меча во пет дена се нашите наредни противници.

Комплетниот извештај од натпреварот погледнете го ТУКА


Извештајот од натпреварот Швајцарија - Шпанија погледнете го ТУКА

Share