hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Подарок од Лазаров и Ангеловски за Борко

image 1351853092167406

Македонската ракометна репрезентација денес патува од Скопје со неколку лета до Португалија, каде в недела во малото место Еспињо ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година. Во нашиот национален тим се враќа Борко Ристовски по суспензијата, но Наумче Мојсоски остана во Скопје да ја лекува повредата. Дека по победата над Швајцарија атмосферата во нашиот национален тим е одлична потврдува и последниот подарок.

Имено Кирил Лазаров и Бранко Ангеловски му подарија шалче на Борко Ристовски да го грее во ладните германски ноќи. Нашите најискусни интернационалци се грижат за помладите и го подготвуваат Борко спремен да ни се врати на голот на репрезетацијата. И ако имаше сомнеж, „климата„ меѓу нашите ракометари за Португалија е одлична и со оптимизам гледаме на иднината.

Share