hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Без Мојсовски и на гостувањето во Португалија

naumce

Наумче Мојсовски дефинитивно нема да патува со репрезентацијата на Македонија за Португалија и ќе го пропушти мечот в недела, втор во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2014. Последните информации од репрезентативниот табор велат дека неговата повреда на листот на ногата не е целосно санирана и дека ќе треба да мине уште време пред тој да се врати на теренот.

„Последните снимки покажаа дека скинатите мускулни влакна се намалени од седум на три сантиметри, што, сепак, е недозволиво за настап. Лекарите ми препорачаа да продолжам со мирување, поради што дефинитивно нема да патувам за Португалија", ни рече Мојсовски. Селекторот Шундовски денеска доби и една добра вест, а тоа е дека не е ништо посериозно со повредата на Филип Миркуловски, кој имаше крајно незгоден пад на грб во финишот од синоќешната средба со Швајцарија, која заврши со убедлива победа на жолто-црвените. Ракометарот на Металург веќе не чувствува болки и тој сигурно ќе биде еден од нашите најголеми адути на неделната пресметка со Португалците. Во тимот се враќа и голманот Борко Ристовски, кој ја одработе казната што ја доби по плеј-оф мечевите против Австрија за пласман на СП 2013 во Шпанија, а кои Македонија успешно ги мина.

Share