hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Португалија немоќна во Севиља, пред мечот со Македонија

rakomet - spanija -portugalija

Шпанија - Португалија 34:20 (16:9)

Во за нас домашната на наредниот мундијал Севиља, соседното дерби на Шпанија и Португалија во нашата квалификциона група го добија фаворитите шпанците. Убедливите 34:20 на крајот јасно покажуваат кој беше кој во овој меч игран половина час по пладне. Пред 5.772 гледачи селекцијата на Валерио Ривера се „пошегува„ со комшијата и потврди дека е фаворит број 1 во оваа група. Бруно Мореира со 4 гола беше најефикасен во поразената португалска селекција, во која по многу години настана селекторска смена, па место Олсон дојде Фреитас.

Комплетниот извештај од натпреварот Шпанија - Португалија можете да го погледнете тука:


Во пресрет на мечот во Еспињо в недела меѓу Португалија и Македонија ви го претставуваме комплетниот ростер на нашиот следен противник.

- Хуго Вигуера (Спортинг)

- Хуго Лаурентино (Порто)

- Рикардо Кандејас (Бенфика)

- Жоао Фераз (Мадеира)

- Тиаго Переира (Брага)

- Фабио Магаљаеш (Спортинг)

- Вилсон Девиес (Порто)

- Жоао Лопез (Бенфика)

- Бошко Бјелановиќ (Мадеира)

- Нуно Переира (Бенфика)

- Карлос Карнеиро (Бенфика)

- Алваро Родригез (Брага)

- Клаудио Педросо (Бенфика)

- Еледи Семедо (Белененсес)

- Жилберто Дуарте (Порто)

- Педро Соља (Спортинг)

- Жозе Коста (Бенфика)

- Тиаго Роча (Порто)

- Жоао Антуњес (Мадеира)

- Давид Тавареш (Бенфика)

- Рикардо Мореира (Порто)

- Дарио Андраде (Порто)

Селектор: Роландо Фреитас

Тренер: Луис Монтеиро

Share