hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Лесно победивме, но подобро да не се опуштевме на крајот„

kire 01 11 2012

Среќни лица во нашиот табор на официјалната прес-конференција по победата над Швајцарија. Капитенот веднаш пронајде зборови за кратка анализа, во која ги потенцира и добрите и лошите страните на овие 60 минути.

„Не очекував толку лесна победа бидејќи пред средбата малку и се плашев поради работите што ги минавме деновиве. Имавме голем респект кон противникот поради што максимално сериозно влеговме во натпреварот, ги исполнивме поставените задачи и на крајот се изборивме за резултатот каков што го посакувавме. Триумфот е исклучително важен бидејќи игравме без Борко, Наумче, а во поголемиот дел од второто полувреме и без Миркуловски. Комплетни сигурно ќе бидеме многу посилни. Но, морам да потенцирам дека не ми се допаѓа опуштањето на крајот. Ако сакаме да победуваме големи репрезентации тоа дефинитивно не смее да ни се случува", изјави Лазаров.

 


Share