hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Капитен сум на незадоволни ракометари„

kire i zvonko

Ако сите очекуваа прес-конференција пред мечот со Швајцарија во која ќе се говори само за натпреварот, противникот и важноста, наидовме на сосема поинаква ситуација. Проблемите кои со години се наталожуваат во нашиот национален тим ги обелодени капитенот Кирил Лазаров. „Јас навистина сум изненаден од оваа ситуација.Не знам, мислам дека 16 или 17 години сум репрезентативец и ова досега не се случило. Без разлика дали се оправдани или неоправдани причините поради кои тие не се тука, сепак ова е сосема некоректно. Мислам дека е несфатливо денеска само јас и Звонко да држиме прес конференција. Навистина ова е една чудна атмосфера.

 Не сакам воопшто да ја нарушам атмосферата пред дуелот со Швајцарија кој е многу важен за нас, но ситуацијата е навистина загрижувачка. Во текот на наредните неколку дена ќе испратиме соопштение со официјалниот став на сите репрезентативци. Ние веќе имавме состанок и го знаеме нашиот став, а тој ќе го обелодениме по утрешниот натпревар. Најважно е да не ја нарушуваме атмосферата. Сите оние кои утре ќе настапат ќе го дадат максимумот. Нашата цел е јасна, а тоа е победа против Швајцарија и пласман на ЕП во Данска. Македонија има квалитет, а ние не бараме многу. Само сакаме организациски да сме барем едно скалило подолу од големите европски земји. Со ваква организација сигурно нема далеку да стигнеме„ потенцира Лазаров кој притоа ја повика македонската публика утре да ја исполни салата „Борис Трајковски" како што тоа го прави кога настапуваат Металург и Вардар Про.

„Најважно е оваа селекција да има континуитет на големите европски и светски натпреварувања, а сега имаме шанса да се најдеме на ЕП во Данска. Се соочуваме со мали проблеми на играчки план, Борко поради суспензија нема да биде со нас, како и Марковски, додека лекарскиот тим прави максимални напори да го опорави Наумче Мојсоски. Ние сме фаворити против Швајцарија особено поради тоа што играме на домашен терен и секако дека се ќе направиме да го добиеме овој меч и со победа да го започнеме овој квалификациски циклус„ рече Звонко Шундовски.

 

Share