hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија без Ристовски и Мојсовски на мегдан на Швајцарија

kire de

Ракометната репрезентација на Македонија ги почна подготовките за настап во првите квалификациите за пласман на Европското првенство во Данска 2014 година, во кои ќе почне сериозно ослабена откако стана јасно дека селекторот Звонко Шундовски на мечот со Швајцарија во Скопје освен на казнетиот Борко Ристовски нема да може да смета ниту на повредениот Наумче Мојсовски. Организаторот на играта на Металург има скинати мускулни влакна на листот од ногата, поради што сигурно нема да биде во составот на средбата против Швајцарците, а под голем знак прашалник е и неговиот настап на гостувањето в недела во Португалија. Во нашата квалификациска група е уште и селекцијата на Шпанија. Пласман на европскиот собир ќе обезбедат двете најдобри селекции.

Share