hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шабановиќ нов голман на Атлетико

sabanovic

Само неколку недели по тешката повреда на Хозе Хавиер Омбрадос, управата на Атлетико Мадрид ја пронајде неговата замена до крајот на тековната сезона. Од денес нов член на европскиот вицепрвак е репрезентативецот на БиХ Аднан Шабановиќ, кој е висок 193 сантиметри и тежок 103 килограми. 35 годишниот голман од Зеница заедно со норвежанецот Дал и младиот Диез ќе ја имаат задачата да ги заменат до минатата сезона незаменливите Штербик (замина во Барселона) и Омрадос (повреден до крајот на сезоната).

Шабановиќ покрај долгата кариера во националната репрезентација, доаѓа како слободен ракометар, а последен негов клуб е Слога од Добој со која играше минатата сезона во Челинџ купот. Претходно настапувал за останатите босански клубови Босна, Извиџач, Криваја и Железничар. Неговото претставување е во вторник во 12:00 часот, а првиот тренинг истата вечер од 19:00 часот. Со доведувањето на Шабановиќ, Атлетико Мадрид ја пополни најболната позиција и дебито на новиот голман се очекува на 11 ноември со Суидад Енкантада во „Висталегре„ во Мадрид.

Share