hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Осма победа на осум меча за Атлетико

kire 27 10 2012

Вила де Аранда - Атлетико Мадрид 25:30 (13:14)

На последниот натпревар пред репрезенативната пауза, Атлетико Мадрид во Аранда отпатува и без Мариус Јуркиевич, кој заради грип остана во главниот град. Домаќините први поведоа, но Ромеро во 3 минута донесе 1:2 за Атлетико Мадрид. Вила де Аранда дефинитвно подобро влезе во мечот и дури во 10 минута преку Канељас и Балиќ, гостите фатија приклучок. Лазаров првиот гол на средбата го постигна во 11 минута од казнен удар за 7:5. Во нападот Вила де Аранда играше непогрешливо, а Дал никако не успеваше да велзе во ритам. Расеро и Сладиќ со голови од контра го донесоа „фенерџијата„ до 10:6. Црвено-белите како и на претходните мечеви лошо играа во првот дел и не успеваа да го загрозат Хави Диаз. Тогаш на два пати одбрани Дал и кружниот напаѓач Ромеро со три гола намали на 10.9. Кога Давид Дејвис од крилна позиција израмни во 23 минута, очигледно гостите фатија ритам во мечот. Финалните минути од првиот дел минаа во игра гол за гол, па на голот на портигалецот Лара, одговори Ферер за 12:12. Во последните три минути, Атлетико по 20 минути пак се врати во водство. Најнапред Дејвис погоди од контра за 12:13, а потоа и Лазаров од 7 метри за 13:14. Со тој минамалец, Атлетико Мадрид отиде на одмор, во непрецизно и збркано прво полувреме на двете страни.

И како по планот на стартот на вториот дел, Лазаров со серија на голови го носи Атлетико до првото одлепување. Два гола од игра и еден од седмерец, го направија нашиот капитен прв стрелец во мечот, а Атлетико Мадрид побегна на 15:17. Кон Лазаров се придодадоа и Балиќ и Канељас за 17:20 во 39 минута. Во 44 минута екипата на Талант Душебаев стигна до највисоките 18:23 со двата гола од одлично изработени акции на Калман и бомбата на Канељас. Кога по тајм-аутот на домашниот стручен штаб пивотменот Ромеро зголеми на 18:24 се назираше победникот. Гањарул и Расело со два врзани гола се доближија до 20:24, но времето сега работеше за вицешампионот. Но во 52 минута Канељас и во наредната Ферер по убавото додавање на Лазаров ја вратија комотната предност на Атлетико Мадрид (21:26). Македонскиот ракометар со своите шести и седми гол во 57 минута зголеми на 24:29. На крај финални 25:30 со голот за домаќините на Сладиќ во последните секунди.

Во победничката екипа, која беше бодрена од 50 навивачи од главниот град, најефикасни беа Лазаров со 7, Канељас со 5 и Ромеро со по 4 гола. Следува двонеделна посветеност на националните репрезентации, а потоа продолжуваат емоциите од ASOBAL лигата и Лигата на шампионите. Кирил Лазаров во недела навечер пристигнува во Скопје и им се приклучува на репрезентативните колеги на стартот на квалификациите за ЕУРО 2014.

Share