hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Со победа над Октавио, заборавен поразот од Кил

kire 02 10 2012

Атлетико Мадрид - Академија Октавио 28:25 (14:17)

Во првиот натпревар од петтото коло на ASOBAL лигата, Атлетико Мадрид како и што не навикна на претходните домашни мечеви, со одлично второ полувреме го совлада наредниот куп ривал, Академија Октавио. Во мирно отворање, мадриѓаните форсираа одбрана 6-0, но гостите рамноправно го одиграа целото прво полувреме. Фраде беше најопасен и со серија на голови во почетната фаза го одржуваше гостинот во егал натпревар. Калман и Јуркивич со два гола од дистанца го вратија водството на Атлетико (8:7). Во игра со многу слаби одбрани, Октавио пак се врати во водство во 22 минута со голот на Сериљо (10:11). По интервенциите на младиот Диез, од контранапад Давид Дејвис израмни на 13:13. Но гостите пак „нагазија„ и со серијата на Сериљо и Качеда до полувреме стигнаа до 14:17.

Лошото прво полувреме и многуте примени голови ги испровоцираа избраниците на Талант во вториот дел да ја покажат во пракса разликата во квалитет. Масач, Калман и Јурикиевич најнапред ја „истопија„ предноста на Академија Октавио. Французинот Бараше ја повреди ногата во 37 минута и беше заменет со нашиот Лазаров. Кога Јуркиевич со уште една „бомба„ ја продолжи серијата на Атлетико Мадрид, домаќините веќе во 41 минута водеа (21:20). Се разигра и Лазаров и по неговата асистенција Дејвис ја потврди добрата форма за +2. И покрај одличниот меч на Филип Калман, Атлетико го „скрши „ натпреварот околу 50 минута кога со вториот гол на Лазаров, веднаш потоа и на Масач стигна до дефинитивна победа. Сериљо намали на 27:25, а Масач на неколу секунди до крајот ги постави финалните 28:25. Петта победа од исто толку мечеви во шпанската лига за ракометарите на Атлетико Мадрид. Дал со 13 одбрани и Јуркиевич со 8 гола, најистакнати во победничката екипа. Кирил Лазаров постигна два гола пак во поделената минутажа со Хавиер Береше. Кај Академија Октавио Сериљо со 8 гола отскокнуваше, иако добар меч одиграа и Филип Калман и Полаковиќ. Мечот со „Висталегре„ арената во Мадрид го следеа само 843 гледачи со платени билети. Во наредното 6 коло, екипата на Кирил Лазаров му гостува на Алсер Порто Сагунто.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете Tука

Share