hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Миркуловски: „Ремито треба да го сметаме како победа„

994407 471709896266519 91359520 n

Не му беше лесно да игра со болки и веројатно по повредата на Стојчески со поголема минутажа, но Филип Миркуловски машки издржа и погоди два пати во моментите кога требаше некој да му помогне на Лазаров и на нашиот напад. По мечот плејмејкерот на Металург беше среќен и ремито го окарактеризира како победа

„Тоа беше вистинска рововска битка во која беше исклучително напорно од првиот до последниот момент. Имавме падови во играта, но за среќа тие беа краткотрајни, по што повторно влегувавме во посакуваниот ритам. Ремито за нас е како победа бидејќи комбинациите велат дека и со некој минимален пораз од Австрија би можеле да одиме понатаму. Се чуствувам заморно, имав силни дуели со ривалите, но сега имаме еден ден одмор, кој мислам ќе не освежи и ќе ни ја врати силата. Имаме уште за покажување во првата фаза, Австрија е селекција која не смее да се потцени, но ќе одиме чекор по чекор" изјави Миркуловски. Штета само што ведрината по уморот му ја расипа отеченото колено, кое ќе му создава грижи и во текот на ноќта, а можеби и наредните денови.

Share