hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпанија со втора победа, веќе е меѓу 12 најдобри

victor tomas

Светскиот првак Шпанија веќе може да си ги планира своите активности во втората фаза. Со победата над Норвешка од 27:25, светскиот првак ја забележа и втората победа во Б групата во Алборг, која се вкрстува со нашата А група. Избраниците на Маноло Каденас одиграа рутински, баш колку што треба за да стигне до вториот триумф, по оној со Унгарија.

Штотуку опоравениот Јоан Канељас со 7 гола, поголемиот дел од нив во второто полувреме, ја предводеше црвената фурија до триумф. Моќта на Шпанија пак беа лесните голови од контранапади, па Томас со 8 и Угалде со 5 гола имаат голема заслуга во триумфот од +2. Многу подраматично беше во мечот на Унгарија и Исланд. Избраниците на Мочаи добро отворија и имаа 3,4 гола предност во текот на првите 20 минути. Габор Анчин беше изненадување за исланѓаните, а и Часар му помагаше. Но по минимални 16:15 за унгарците на полувреме, во продолжението исландската одбрана стана постабилна, се разбрани Густафсон и Исланд во 41 минута прв пат поведе. Бундеслигашките звезди Палмарсон (8 гола) и Валур Сигурдсон (5 гола) донесоа пресврт и во 52 минута Исланд имаше +2. Но во пинг-понг менувања на водството, во финишот, Исланд пропушти напад со човек помалку за да слави. Така по нашето реми со Чешка, овој нерешен резултат (27:27) е втора поделба на пленот на третиот ден. Сега во последното коло Исланд мора „костените од жарот„ да ги вади против Шпанија, а Унгарија игра со неубедливата Норвешка.

Share