hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Данска ја верификува втората фаза

danska vt. pobeda

Данска е првата репрезентација која го обезбеди вториот круг од нашата А група во Хернинг. Предводена од Микел Хансен, ја оправда фаворитската улога на мечот против Австрија и ја совлада со 33:29. Австријците имаа сили да им парираат на актуелните европски шампиони само во првите петнаесетина минути, кога предноста на Данците се движеше меѓу два и три гола.

Потоа звездата на ПСЖ Хансен придонесе домаќинот на европското првенство се одлепи и веќе во првото полувреме го реши прашањето на победникот, (18:12). Австријците ја искористија слабата форма на резервниот дански голман Грин и се приближија на четири гола негатива, но немаа сили поопасно да ја загрозат победата на Данците на овој меч. Микел Хансен одигра уште еден фантастичен меч постигнувајќи 9 гола од 10 обиди, пред Нодесбо со 5 гола. Кај Австријците најефикасни беа Херман со 5, пред Силаги и Вилчински со по 4 погодоци.

Share