hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Загрижуваат повредите на Стојчески и Миркуловски

povredi 1

Последиците од безпоштедната физичка битка со чесите се повредата на препоните на Стојчески и повредата на коленото на Миркуловски. Ресенчанецот се жалеше на повреда на препоните и пред мечот, играше свесен за тоа и издржа само неколку минути.

povredi 2

Затоа на неговата позиција се менуваа Пецаковски и Ангеловски, а овој пат Јоноски не доби шанса во напад. Филип Миркуловски ги издржа напорите скоро во текот на целиот меч и по мечот чувствува болка во коленото. Не изгледа сјајно и самиот ракометар не е оптимист, но сеуште е рано за било какви дијагнози. Повредите не не штедеа и до сега, но треба да се преспие ноќта и утре да се направат сите обиди да се залечат и посериозните и оние помали повреди. Работите ќе бидат појасни утре во 15:30 часот,за кога е предвиден последниот тренинг пред клучниот меч со Австрија.

Share