hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за Сител: „Голготата нема да ни служи како алиби„

20140111 232236

По голготата од цел еден ден во исчекување на аеродром и пат до Софија, не беше најлесно да се мисли само на ракомет. Но „свртен е нов лист„ и капитенот Лазаров ја опиша најновата неочекувана авантура на националниот тим:

„Ова што ни се случи е стварно неочекувано и никој не може да го предвиди можеби со малку поголемо искуство можеше да се патува два дена пред почетокот. Нашиот организам е навикнат на вакви работи можеби да беше се во ред ќе беше чудно. Нема да ни служи како алиби. Ние сме уморни станати сме од 7 наутро. Пропатувавме доста не би требало се одрази ова патување на нашата игра. Имавме квалитетни подготовки и мислам дека ова нема да остави трага. Данска ја почитувам, но мислам дека треба да се фокусираме на нашата игра. И овој пат денес што го минуваме да излезе и воедно да излезат сите лоши работи. И да се консолидираме за дуелот со Чешка. Сите ние сме професионалци и секој живее да игра пред 15.000 гледачи. Утре тоа ние ќе го доживееме. 15.000 гледачи против тебе. Toa e е убавината на овој спорт. Тие 15.000 треба да не мотивираат и да излезе нашиот македонски инает. И да се прикажеме во одлично светло. Ние на секое натпреварување играме со Данска, мислам Данска ни одговара како репрезентација и може да имаме добра тактика и да одиграме добро. Нас главна зона ни е 6-0, која Данска ја напаѓа. Ние со 6-0 може добро да им парираме„ рече капитенот Лазаров уште во авионот за Данска за Сител ТВ.

Share