hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Македонија со кренати глави оди во Данска„

lazarov MKD - MNE 560

На денешната прес-конференција на РФМ, пораката за јавноста пред големиот настан ја пренесоа протагонистите. Македонија е подготвена за предизвикот наречен ЕП 2014. Нашите ракометари, во друштво на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Ивица Обрван, едногласно порачаа дека ќе го дадат максимумот во обид да се стигне до што подобар пласман на европскиот шампионат што стартува в недела

„Во изминатиот период премногу кажавме, разговаравме, анализиравме, околу ЕП 2014. Да не се повторуваме, ќе бидам краток - од оваа репрезентација се очекува многу, тоа е факт, мислам дека оваа репрезентација има направено најмногу во последните дваесетина години во македонскиот колективен спорт. Ќе го прифатиме предизвикот, формата ни се движи во нагорна линија, растеме од година во година како што нашите репрезентативци собираат искуство преку настапите за Вардар и за Металург. Најважно е добро да се фокусираме во оние клучни моменти кога ќе се решаваат натпреварите. Мислам дека без оглед на проблемите со повредите, со квалитетот не заостануваме многу зад ривалите со кои ќе се сретнеме. Народот очекува многу од нас, а ние ќе дадеме се од себе за да ги исполниме сите очекувања" порача Кирил Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share