hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Имаме драгоцено искуство за добар ЕУРО„

MKD - SRB Lazarpv

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ќе патува в сабота за настапот на Европското првенство, а еден ден подоцна ќе го игра првиот натпревар од групата А во Хернинг во 20:30 чaсот против домаќинот и актуелен бранител на титулата, Данска. Според капитенот Кирил Лазаров на почетокот е присутна позитивната трема и тоа е добро

"Знаеме дека целата македонска јавност очекува многу, сигурно е дека ќе го дадеме максимумот. Го имаме драгоценото искуство за вакви големи натпреварувања. Веќе тренираме и сме заедно на подготовки 15-20 дена, период што е доволен да се подготви една репрезентација. Хендикепирани сме што нема да настапиме без Наумче Мојсовски и Филип Лазаров, но од друга страна позитивно размислуваме, физички сме спремни. Петтото место на последното ЕП е зад нас, тоа треба да го надоградиме, постои желба во нашите редови за натпреварување со големи противници, клупскиот и репрезентативниот ракомет не се исти, едноставно националниот дрес те носи напред, без разлика дали пред себе има ривали со поголема традиција и бројност.

Во групата во која што се наоѓаме можеме да играме против сите три, сигурно Австрија и Чешка ќе имаат поголем мотив и ќе направат се за да победат. Самиот квалитет помалку или повеќе е тука некаде. Против Данците немаме добра традиција, но и никогаш не излегувале лесно со нас, па тоа треба да го искористиме, тие ќе играат и пред нивната верна публика. Од наша страна ќе пробаме да играме смирено, тактички добро и дисциплинирано и доколку ни се укаже можност ќе ја искористиме. Да не ветуваме премногу, да пробаме да го направиме овој народ што не поддржува подолго време среќен. Тоа е наша обврска и ветувам дека ќе го дадеме максимумот" беа зборовите на десниот бек и член на Барселона, Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share