Натпреварот со Србија одлично беше прифатен од целата ракометна јавност, од навивачите, од сите кои веруваат во оваа репрезентација. Позитивна клима, многу насмевки и голем број ракометни фаци беа присутни на трибините.
Од повредениот Филип Лазаров, преку звездата на Вардар, Тимур Дибиров, до селекторот на „сребрената„ женска репрезентација на Србија, Саша Бошковиќ. Во СРЦ „Кале„ можеше да се почувствуваат позитивни вибрации на испраќањето на нашите ракометари за Хернинг.