hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров - спортист на 2013 според „Дневник„

1535605 10151871641633652 2071878764 n

Дневниот весник „Дневник„ ги избра најдобрите спортисти за 2013 година. Ракометарот Кирил Лазаров ја понесе наградата за спортист на годината која изминува.

Кирил Лазаров - ракомет

Најдобар десен бек во ЛШ 2013 во избор на интернет-страницата „Хандбал планет". Освојувач на Суперглоуб во Kатар со Барселона. Го освои и АСОБАЛ-купот, како и Суперкупот на АСОБАЛ, обата трофеја со Барселона. Kуп на кралот со Атлетико. Со македонската репрезентација настапи на СП во Шпанија, а обезбеди и настап на ЕП 2014. Лазаров е најдобриот стрелец во европските ракометни купови и прв „топчија" во државниот дрес на Македонија. Бомбардерот стрелаше рафално и годинава, на 72 одиграни натпревара има постигнато вкупно 381 гол или во просек по 5,29 од натпревар. Моментно е најдобар стрелец во ЛШ.

Перо Антиќ - кошарка

Eвропски шампион со тимот на Олимпијакос, што му беше втора едноподруго титула во најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент. Антиќ годинава стана првиот Македонец што заигра во најсилната кошаркарска НБА-лига, во дресот на Атланта хокс.

Наумче Мојсовски - ракомет

Стандардниот македонски репрезентативец беше еден од лидерите на Металург со кого обезбеди пласман во четврт-финалето на ЛШ. Освојувач е на Kупот на Македонија со тимот од Автокоманда. Играше на завршниот турнир во регионалната СЕХА-лига. Со репрезентацијата настапи на СП, а обезбеди и настап на ЕП 2014.

Илина Арсова - планинарство

Прва Македонка што го освои Монт Еверест, највисокиот планински врв на светот. Со овој потфат Арсова им се придружи на Димитар Илиевски – Мурато, Глигор Делев, Сашко Kедев и Здравко Дејановиќ кои го освоиле највисокиот врв.

Евгениј Поп Ацев - маратонско пливање

Втор маратонец во светот според ранг-листата на ФИНА, по седум испливани маратони и 3 трки на 10 км минатата сезона. Тоа е највисок забележен пласман на македонски маратонец досега.

МЛАДИ СПОРТИСТИ

1. Берат Јакупи, карате

Освоено злато на јуниорското ЕП (до 21 година) и бронза на сениорското ЕП, со што уште еднаш го потврди имиџот на најталентиран каратист од Македонија последниве години.

2. Виктор Крстевски, карате

Бронза на ЕП за млади категории во Турција во категоријата борби до 76 килограми.

3. Бојан Јанкуловски тенис

Победник на пет меѓународни турнири до 16 години и две полуфиналиња до 18 години

4. Матеј Ангеловски, традиционално карате

Бронза на ЕП во Белград во фукуго-младинци и во кого кумите-младинци.

5. Елмедин Сејфулаху, борење

Бронза на ЕП за кадети што се одржа во Бар, Црна Гора.

НАЈДОБАР ТРЕНЕР

Лино Червар Металург

Пласман меѓу 8 најдобри во Лигата на шампионите. Освојувач на Kуп на Македонија. Пласман на Ф4-турнир во СЕХА-лигата. По 7 кола во ЛШ во сезоната 2013/2014 има 9 бода, на чекор до осмина-финале

Индира Кастратовиќ, ЖРК Вардар

Првак на Македонија, Пласман меѓу 16 најдобри екипи во Лигата на шампионите

НАЈДОБРИ ЕКИПИ

РK Металург - мажи

Пласман меѓу 8 најдобри во Лига на шампионите. Освојувач на Kуп на Македонија. Пласман на Ф4-турнир во СЕХА-лигата. По 7 кола во ЛШ во сезоната 2013/2014 има 9 бода и е на чекор до нов пласман во осмина-финале.

ЖРK Вардар- жени

Првак на Македонија. Преку квалификации обезбеди настап во групната фаза од ЛШ, каде што обезбеди пласман меѓу 16 најдобри екипи во Европа.

Share