hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Заедничка вечера и ракометарите се враќаат од Пореч

1521310 603307476389292 1842404245 n

Македонската ракометна репрезентација со заедничка вечера ги заврши подготовките во хрватскиот град Пореч. Во претходните неколку дена ракометарите имаа серија на тренинзи и еден подготвителен натпревар со Словенија, кој „змајчеките„ го добија со 31:25.

Ова е само прва фаза од припремите за европското првенство во Данска, а утре на пладне со авионски лет, црвено-жолтите се враќаат во Скопје. По новогодишните празници кон групата ќе се приклучи Бранко Ангеловски, а од 3 до 5 јануари во Скопје, во СРЦ „Кале„ нашата федерација ќе биде организатор на турнирот на три репрезентации кои ќе учествуваат на континенталниот собир. Македонија, Србија и Црна Гора ќе играат секој со секого во три последователни дена во термините од 18:30 часот. Црна Гора на Кастратовиќ со која игравме два пати во Струмица во ноември на 3 и Србија која го брани среброто од 2012 година на 5 јануари, се нашите наредни спаринг партнери.

Share