hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во 2013 година: 72 меча - 381 гол

Kire-Lazarov291229103

Со контролниот меч во Словенија завршија мечевите на Кирил Лазаров во 2013 година. Со мали исклучоци повредите го заобиколија, па пропушти мал број на средби. Не настапи против Кил во дресот на Атлетико Мадрид во групната фаза на Лигата на шампионите 2012/13, бидејќи Душебаев го чуваше, а поради повреда ги пропушти средбите Шпанија - Македонија во Гвадалахара и Атлетико Мадрид - Арагон во ASOBAL лигата.

Има 72 одиграни меча, два помалку од минатата 2012 година. Постигна одлични 381 гол, што во просек е 5,29 гола по натпревар. Минатата 2012 година беше стрелец на 429 гола и просек од 5,79 гола по натпревар. Фантастични бројки за најдобриот стрелец во историјата на европските ракометни купови и најдобриот стрелец во македонската ракометна репрезентација на сите времиња.

Атлетико Мадрид

АSOBAL лига - 15 меча - 85 гола
Куп на шпанскиот крал - 4 меча - 22 гола
Лига на шампиони - 6 меча - 33 гола
Вкупно: 25 меча - 140 гола

Барселона

АSOBAL лига - 15 меча - 58 гола
ASOBAL Куп - 2 меча - 8 гола
Куп на шпанскиот крал - 1 меч - 5 гола
ASOBAL Суперкуп - 1 меч - 7 гола
IHF Суперглоб - 5 меча - 23 гола
Лига на шампиони - 7 меча - 41 гол
Суперкуп на Каталонија - 1 меч - 5 гола
Пријателски меч - 1 меч - 3 гола
Вкупно: 33 меча - 150 гола

Репрезентација на Македонија

Светско првенство - 6 меча - 44 гола
Квалификации за Европско првенство - 4 меча - 15 гола
Пријателски и турнирски мечеви - 4 меча - 32 гола
Вкупно: 14 меча - 91 гол

Вкупно во 2013 година:
72 меча - 381 гол - просек 5,29 гола по натпревар

Share