hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пораз по лошо второ полувреме во Трбовље

slo-mkd

Пријателски меч:

Словенија - Македонија 31:25 (12:12)

Македонската ракометна репрезентација загуби од Словенија во првиот контролен меч во подготовките за европското првенство во Данска. На мечот во малото место Трбовље, пред 1000 гледачи, Словенија која се подготвува за мечевите од квалификациите за СП во Катар 2015 година, славеше со +6, иако во текот на целиот меч резултатот беше тесен и многу често израмнет. Нашиот национален тим добро го отвори мечот и со 3-4 добри интервенции на Борко Ристевски и три гола на крилото Дејан Манасков, поведовме со 6:2. Водството на нашите ракометари траеше скоро во целото прво полувреме. Лазаров влезе во ритам и се до 24 минута нашата игра делуваше хомогено. Но Сташ Скубе се разигра и словенците фатија приклучок.

slovenija-makedonija-615x400

Со гол во последните моменти, момците на Борис Дениќ израмнија на 12:12 и со тој резултат се отиде на одмор. Но во вториот дел работите целосно се сменија. Домашната репрезентација од стартот го превзеде водството и полека го зголемуваше. Но до 50 минута таа предност секогаше беше 1-2 гола. Тогаш при 25:22, нашата селекција падна во ритамот, направи серија технички грешки и го загуби мечот дури и со убедливи 31:25. Кирил Лазаров со шест гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Дејан Манасков постигна четири погодоци, Златко Мојсоски и Димовски беа стрелци на по три гола, додека останатите погодоци беа дело на Георгиевски, Ојлевски и Стоилов (два), како и на Јоноски, Миркуловски и Стојчевски, кои постигнаа по еден гол на овој меч. Двете репрезентации играа со „шаренолики„ состави, па и словенците на овој меч мораа да се лишат од Шкоф, Мацковчек, Прост, Безјак и Натек, а кај црвено-жолтите повредени се Филип Лазаров и Наумче Мојсоски. Словенија на 2 јануари игра квалификационен меч со Луксембург, а ден подоцна Македонија во Скопје ја дочекува Црна Гора во турнирски тест.

Спортска сала „Полај„ - Трбовље. Гледачи: 1000
Судии: Цветко и Кавалар (Словенија)

Словенија:
Скок, Ферлин, Бомбач 1, Билбија 1, Миклавчиќ 3, Пуцељ, Кавтичник 1, Доленц 4 (1), Се. Скубе 2, Шпилер, Шоштариќ 3, М. Жвижеј 2, Л. Жвижеј 2, Габер 2, Зорман 2, Св. Скубе 3, Гајиќ 5 (3)
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 4 минути

Македонија:
Митревски, Ристовски, Ангелов, Манасков 4, Стоилов 2, Лазаров 6 (2), Јоноски 1, Миркуловски 1, Марковски, З. Мојсоски 3, Маркоски, Димовски 3, Прибак, Георгиевски 2, Стојчевски 1, Ојлески 2
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути

Share