hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров со максимален број на мечеви оваа есен

zaDEbiKireiKasl2

По преминот од Атлетико Мадрид во Барселона, Кирил Лазаров имаше напорни скоро четири месеци, во кои не пропушти ниту еден натпревар и освои три трофеи: IHF Суперглоб, АSOBAL Суперкупот и ASOBAL Купот. Згора на тоа неговата Барса е првопласирана во својата група на Лигата на шампионите и ASOBAL Купот

36 меча на Кирил Лазаров во есенскиот дел од сезоната 2013/14

ASOBAL лига - 15 меча

ASOBAL Суперкуп - 1 меч

ASOBAL Куп - 2 меча

Kуп на шпанскиот Крал - 2 меча

Лига на шампиони - 7 меча

IHF Суперглоб - 5 меча

Kаталонски Супер Куп - 1 меч

Пријателски меч (клуб) - 1 меч

Пријателски меч (репрезентација) - 2 меча

Лазаров ги доби скоро сите мечеви од споменатите 36, со исклучок на мечот со Вардар во Скопје, кој заврши нерешено во рамките на 1 коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Но ова е само половина од сезоната во која, Лазаров јуриша на освојување на останатите трофеи со Барселона и на што е можно подобар пласман со македонската репрезентација на Европското првенство во Данска (12 - 26 јануари 2014 година).

Share