hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Деветти ASOBAL Куп за Барса, втор за Лазаров

kiril lazarov asobal cup2

ASOBAL Куп - Финале

Барселона - Грањолерс 34:28 (20:15)

Во убав амбиент во „Палау Блауграна„ каталонското финале на ASOBAL купот со гол го отвори Дани Сармиенто по половина минута. Голманот на Грањолерс Шулц мотивирано почна, но по 1:2, Барса се враќа и Томас од контра годи за 3:2. Во петтата минута Хуан Дел Арко со вториот гол од контранапад ги осоколи гостите со ново водство (3:4). Но Шулц не можеше се да одбрани, па откако го сопре Хуанин Гарсија во зицер, Виктор Томас во 7 минута израмнува на 4:4. На идентичен начин, со цврста одбрана и лесен гол од контра, Едуардо Гурбиндо ја враќа предноста на фаворитот (5:4). Во силниот ритам гол за гол, Никола Карабатиќ ја разнесе одбраната на Грањолерс за 7:6 на почетокот на десеттата минута. Французинот од седум метри за прв пат носи предност од +2 на една од екипите. Но ретко кој одолеал на цврстината во одбраната и ефикасноста во нападот на Барса оваа сезона.

Кога Хуанин Гарсија погоди од контра за 9:6, Тони Гарсија побара тајм-аут во 12 минута. Хуан Дел Арко со ефектен гол ја прекина серијата на црвено-сините и се доближи до 9:8. Француската линија Карабатиќ - Сорондо и голот од молњевита контра на Томас ја враќаат ситуацијата во нормала за 11:8. Сергеј Рутенка со гол од седмерец го внесе мечот во втората половина на полувремето со 12:9. Како и во полуфиналето, Кирил Лазаров во игра влезе во втората половина од првиот дел, а Даниел Шариќ долго го бараше својот момент во мечот и кога во 18 минута го одбрани седмерецот на Давид Ресина, конечно влезе во ритам. Во 20 минута со голот на Пујол, Грањолерс изедначи и го принуди Пасквал на тајм-аут. Словакот Страновски на убавото додавање на Кирил Лазаров се придодаде како втор пивотмен и ја врати предноста (13:12). Но на идентичен начин комбинираа Кампос и Капдевиља на спротивната страна. Рутенка со помош на блокот годи за 14:13, но веднаш реплицира Раул Кампос на спротивната страна за 14:14. Белорусинот од седум метри и Лазаров на ефектен начин, ја одлепија Барса до 16:14 во 25 минута. Следуваше лесен гол на Томас за +3, кој Барса го создаде во интервал од само две минути. И кога Шариќ одбрани, а Кирил Лазаров погоди од крилна позиција, Барса со серија 4:0, дојде до 18:14. Мојсес Бланшар од крилна позиција со лоб удар го прекина позитивниот момент на Барса, но „бомбата„ на Раул Ентрериос ги врати работите на свое. Од егал меч, Виктор Томас во последната 30 минута, носи +5, а со звукот на сирената промашува за +6. И не со најдобра игра, Барса на полувреме обезбеди голема залиха за продолжението.

kiril lazarov asobal cup2

Вториот дел започна со првенецот на Алваро Руиз за Грањолерс за 20:16. Следуваше исклучување на Нодесбо и гол на Грундштајн за 20:17. Но данецот се врати и погоди од линијата, па и Лазаров од чекор за 22:17 во 36 минута. Капитенот на домашната екипа Виктор Томас за прв пат „летвичката ја подигна„ на +6, со гол од крилна позиција. Арнау Гарсија само за момент ја прекина низата на фаворитот, но Барса сега делуваше многу посмирено и со мал број на технички грешки. Карабатиќ одговори со третиот свој гол за 25:19 во 41 минута. Во следниот напад, ракометарот на Грањолерс, Салинас незгодно згазна и мораше да го напушти финалето, заради повреда. Арнау Гарсија и Раул Кампос со два неодговорени гола со удари од 9-10 метри, намалуваат на 25:21. Но веќе во следниот напад, Сорондо со својот втор гол, враќа на +5. Страновски прегрубо отиде на вратот на Раул Кампос и заработи исклучување, по кое фаулираниот ракометар на Грањолерс погоди за 26:22 на половина од вториот дел. Опуштеноста на момците на Пасквал ја искористи Феран Соле за гол кој значеше само -3 за Грањолерс.

Но со тројно повеќе технички грешки, бело-сините не можеа да се надеваат на чудо, па макар и кога Барса е далеку од своето најдобро издание. Хуанин Гарсија од левата крилна позиција зголеми на 27:23, па Сорондо си „поигра„ со одбраната на Грањолерс за 28:23. Почетокот на крајот на надежите на гостите, беа интервенциите на Шариќ и голот на Сармиенто за +6 и тајм-аут за Гарсија. До крајот само рутински Барселона го администрираше водството од 4-5 гола и покрај жилавоста и силниот отпор на ракометарите на Грањолерс. Пасквал на пет минути до крајот при +5 побара минута одмор за да ја смири екипата и да го круниса мечот со заслужена победа. Рутенка и Томас ја заокружија победата со ефектни голови и при 32:26, мечот влезе во последните три минути. Со шест гола разлика, Барселона го совлада Грањолерс и го освои и третиот трофеј во сезоната 2013/14. А истата таа сезона е на половина и до сега тимот на Лазаров нема ниту еден пораз. Целиот тим на Барселона го донесе овој тофеј, иако овој дрим-тим може многу повеќе од денешното прво полувреме. Но финалињата се да се освојуваат, а не да се играат. Така нашиот Кирил Лазаров вгради 3 гола и 3 асистенции во деветтата ASOBAL Куп титула за Барселона, што за него претставува втор трофеј од ASOBAL Купот, по оној со Атлетико Мадрид пред две сезони.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share